Меси со гол и победа тргна во (не)возможната мисија – да се освои МЛС лигата (Видео)

Лионел Меси го постигна 11-тиот погодок во деветтиот меч за Интер Мајами и му ја донесе првата победа во МЛС лигата после 11 кола без победа, откако синоќа го совладаа Њујорк Ред Булс со 2-0 на гостински терен. Ова беше деби за аргентинецот во МЛС лигата, откако претходните натпревари ги одигра во Лига купот на Северна Америка и Купот на САД.

Со оваа победа започна (не)возможната мисија, Меси да ја освои шампионската титула во САД. Интер Мајами е претпоследен на табелата со 21 бод, 11 помалку од Чикаго. Клубот на Меси до крајот на регуларниот дел треба да одигра уште 10 меча, а Чикаго уште 8, па не би требало да имаат проблеми да стигнат до плеј-офот, а потоа да го стартуваат она вистинското – трката по титулата во МЛС лигата.

- Оглас -

Најнови вести