Италијанецот Роберто Манчини и официјално е нов селектор на Саудиска Арабија, објави Фудбалската федерација на оваа земја (САФФ).
Манчини кој пред две недели ја напушти репрезентацијата на Италија, со САФФ потпиша четиригодишен договор, а дебито на клупата на Саудиска Арабија ќе го има на осми септември прптив Костарика, додека четири дека подоцна ќе игра против Јужна Кореја. Тој годишно ќе заработува 25 милиони евра годишно.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1695911335803199851?s=20
„Испишав историја во Европа и сега е време да испишам историја со Саудиска Арабија. Чест ми е што мене ми беше понудено местото селектор на Саудиска Арабија. Верувам дека ова е одлична можност за мене да бидам дел од фудбалот во нова земја“, изјави Манчини.