Јужен Судан не ја повтори грешката од дуелот со Порторико и ја победи Кина

Кошаркарите на Јужен Судан ја совладаа Кина со 89:69 во второто коло од групата Б на Светското првентство кое се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Африканската репрезентација и во првото коло беше на прагот на голема победа, водеше до самиот финиш против Порторико, но на крајот во продолжението од пет минути остана без победата (101:96).

Но, сега против Кина, не ја повторија грешката и благодарение на одличниот шут за три поени, ја остварија првата победа на СП. Тие постигнаа дури 14 тројки и во текот на целиот меч беа во предност.

Карлик Џонс со 21 постигнат поен беше најпрецизен кај победникот каде се истакна и поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Нуни Омот со 14 поени.

Во вториот натпревар од првиот термин, Зеленортските острови направи изненадување победувајќи ја Доминиканска Република со 81:75. Најзаслужни за победата беа Бетињо  Гомес со 22 и Вили Таварес со 20 постигнати поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести