Дејвид Бекам со крајот на својата фудбалска кариера се одлучи да не влегува во тренерски или менаџерски води. Тој одлучи од фудбалот да направи бизнис и засега одлично му оди.
Вистинскиот потег беше трансферот на Лионел Меси, кој го крена фудбалот во САД на многу високо ниво. Билетите за натпреварите на Интер Мајами се одамна распродадени, без разлика дали игра дома или на гости.
Но, планот на Дејвид Бекам не е да застане тука. Во околината на Мајами се гради новиот стадион на Интер, кој ќе има капацитет од 25.000 седишта, а во целиот комплекс ќе има голем парк, помошни терени за тренинг, паркинг, забавен парк, трговски центар и терени за тенис, кошарка и одбојка.
Како сето тоа ќе изгледа, може да видите на фотографиите во продолжение.