Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство во салата „Борис Трајковски“ откако со 3:1 во сетови е победена Данска. Овој триумф е голем чекор за Македонија кон остварување на целта, а тоа е пласман во осминафиналето на континенталниот собир.
Мечот не започна како што посакуваа македонските одбојкари. Во првиот сет Македонија водеше со 13:12, а потоа гостите со низа од 4:0 стигнаа до 16:13 и до крајот на сетот ја задржаа предноста од три поени за 25:22.
Загубениот сет не ги разочара нашите одбојкари. Во вториот сет Данска имаше предност од 10:8, а потоа Македонија со низа од четири поени стигна до 12:10. Во продолжение се играше израмнето, беше 17:16 за Данска, кога со три поени по ред, Македонија стигна до 19:17. Вредната предност Македонија ја задржи до самиот крај и го доби вториот сет со 25:22 за израмнување на 1:1.
Во третиот сет, целосна доминација на Македонија. Поведовме со 6:2, потоа беше 10:5, па 17:11 и беше јасно дека лесно ќе го добиеме овој сет. На крајот Македонија го комплетира сетот со 25:19.
Во четвртиот сет се одвиваше голема драма. Беше 22:21 за Данска, кога Македонија во низа од три поени, стигна до 24:22 и две меч-топки.
На 2 септември Македонија ќе игра во второто коло, а противник ќе ѝ биде селекцијата на Црна Гора. Доколку успееме да ја победиме и Црна Гора, Македонија ќе биде осминафиналист.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 17 поени беше предводник на Македонија до победата, а одлични беа и Љафтов со 15 поени, Маџунков 10, Савовски 9…
Резултати од денешните мечеви:
Турција – Франција 0:3 (20:25, 28:30, 25:27)
Словенија – Украина 3:1 (23:25, 25:22, 25:20, 25:20)
Германија – Естонија 3:0 (25:22, 25:19, 25:19)
Романија – Португалија 0:3 (19:25, 18:25, 23:25)
Финска – Хрватска 3:0 (25:19, 25:19, 25:22)
Македонија – Данска 3:1 (22:25, 25:22, 25:19, 25:22)
Швајцарија – Србија 0:3 (19:25, 16, 25, 19:25)