Баерн Минхен игра против кошмарниот ривал, а квотите велат дека баварците лесно ќе победат

Актуелниот германски првак Баерн Минхен со две победи ја започна новата сезона во Бундеслигата, а денеска имаат голем предизвик. Баварците гостуваат кај Борусија Менхенгладбах, клубот кој им е најголем кошмар во последните неколку години.

Квотите во Sport Life велат дека Баерн треба лесно да победи, но кога ќе се види традицијата, не е така. Германскиот првак во последните шест меча со Борусија М. има само две нерешени и дури четири порази. Дека овие шест средби не се случајност, покажуваат и резултатите во последните шест години. Највпечатливата победа на Борусија Менхенгладбах над Баерн беше пред две години кога во Купот, шампионот беше понижен и загуби со 5:0.

Од ноември 2017 година до сега, Баерн и Борусија Менхенгладбах одиграа вкупно 15 средби и шамионот има само четири победи, Борусија се радувала дури осум пати, а три средби завршиле нерешено.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести