Германците ги понижија Дончиќ и Словенија, но и двете репрезентации продолжуваат во четвртфинале

Селекцијата на Германија во дуелот на непоразените селекции, ја совлада Словенија и како првопласирана од групата К обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Германците во четвртфиналето одат како првопласирани, додека Словенија како втора од групата К.

Тие во последното коло во главната групна фаза славеа со 100:71 во натпревар кој имаше чуден тек.

Во првата четвртина доминираа словенечките кошаркари кои предводени од Лука Дончиќ ја добија со 11:25. Но, во втората четвртина уште подобри беа Германците, ги оставија словенечките кошаркари на едноцифрен број поени (27:9) и на одмор заминаа со предност од четири поени, 38:34.

Таму каде што застанаа во втората, Германците продолжија во третата четвртина која исто така ја добија со двоцифрена предност (30:18), по што рутинска ги одработија последните десет минути од мечот за конечни 100:71.

Денис Шрудер со 24 поени ја предводеше листата на стрелци кај Германија, а згора на тоа придодаде и 10 асистенции. Даниел Тајс даде 14, а Исак Бонга 12 поени.

Во редовите на Словенија, вообичаено прво име беше Лука Дончиќ со 23 постигнати поени, но имаше очаен шут за три поени, погоди само два од 11 обиди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести