Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз на Европското одбојкарско првенство на кое сме еден од домаќините. Нашите одбојкари и покрај големата борба и одличната игра која ја прикажавме, загубија со максимални 3-0 од моќната Полска која е актуелен светски вицешампион и освојувач на Светската лига.
Во првиот дел од почетниот сет држевме рамнотежа, но во продолжение Полска направи голема предност и го освои сетот со 25-12.
Најнеизвесно беше во вториот сет, во кој до самиот финиш беше израмнето, но со три грешки им го подаривте сетот на полјаците, кои поведоа со 2-0 откако го освоија сетот со 25-21.
Слично како и во првиот сет беше и во третиот. Имавме рамнотежа само во почетниот дел од сетот, а потоа Полска ја покажа својата класа и го доби сетот со 25-14 за максимални 3-0.
Македонија на стартот од првенството ги совлада Данска и Црна Гора и само чудо може да не спречи да не се пласираме во осминафиналето во Бари. До крајот на групната фаза ни остануваат уште дуелите против Холандија и Чешка.