Според ранкингот на ЕХФ, Вардар е прва резерва за настап на Ф4 во Келн

Вардар е на петтото место на најновата ранкинг-листа на ЕХФ, што би значело дека е блиску до завршниот турнир во Келн, но и дека му треба да прескокне барем една екипа за повторно да се бори за титулата во Лигата на шампионите.

Тоа е само статистика што месечно ја прави ЕХФ, а на терен се покажува и докажува квалитетот.

„Вардар ќе треба да ја врати формата од почетокот на сезоната кога играше брилијантно за да им конкурира на фаворитите за титулата. Ќе мора да бидат во топ форма за да ја задржат сегашната позиција во групата А“, пишува на официјалната интернет-страница на ЕХФ.

Очекувано најдоброрангиран состав е Пари Сен Жермен, кој од клупата го предводи поранешнито тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалес.

Зад „светците“ е Барселона, па следи ПИК Сегед и следниот ривал на Вардар во Лигата на шампионите, Рајн-Некар Левен предводен од Николај Јакобсен, кој ја однесе Данска до златниот медал на Светското првенство. Во топ 10 следат и Веспрем, Фленсбург, Загреб, Кјелце и Нант.

Пред продолжението на Лигата на шампионите, утре против Рајн-Некар, Вардар со 13 бодови од 10 меча е на втората позиција во исклучително тешката група А, зад Барселона со 18 и пред триото главни конкуренти Кјелце, Рајн-Некар и Веспрем со по 12 бодови. Кристијанштад и Мешков Брест со по пет бодови и актуелниот европски првак Монпелје со три бода се аутсајдери во групата А.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести