Данскиот репрезентативен голман, Каспер Шмајхел, својата кариера ќе ја продолжи во првенството на Белгија, и тоа во екипата на Андерлехт. Триесет и шестгодишниот голман минатата сезона беше стандарден на голот на францускиот прволигаш Ница, но летово раководството на клубот го информира дека нема повеќе да смета на неговите услуги.
Шмајхел ќе остане запаметен по настапите во Премиер лигата, каде што го бранеше голот на Лестер и Манчестер сити. Со екипата на Лестер во 2016 година сензационално ја освои Премиер лигата, што претставува едно од најголемите светски спортски сензации во новиот милениум.