Славниот Аргентинец влегува во политиката, ќе се кандидира за градоначалник на Фиренца?

Славниот аргентински напаѓач и легенда на Фиорентина, Габриел Батистута, може да биде кандидат за градоначалник на Фиренца на изборите кои ќе се одржат следната година. Тој влезе во потесниот избор на десничарската коалиција, која е на власт на централно ниво во Италија, но со градот раководат левичарите од 1999.

Батистута е почесен граѓанин на Фиренца, но сè уште нема италијанско државјанство, кое ќе мора најпрво да го добие, па дури потоа да се кандидира.

Аргентинецот во Италија настапуваше за Фиорентина, Рома и Интер и на 318 натпревари во Серија А постигна 183 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести