Српските навивачи имаат нова песна: Ни даде бубрег, ние ќе ти дадеме срце (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Србија обезбеди пласман во финалето на Светското првенство откако во полуфиналето ја совлада Канада со 95:86, а на трибините во салата во Манила, имаше поддршка од стотина српски навивачи.

Тие пред почетокот на мечот, беа одлично расположени и имаа нова песна која му ја посветија на репрезентативецот Бориша Симаниќ, кој за време на СП остана без бубрег и не може да им помогне на соиграчите.

„Ни даде бубрег, ние ќе ти го дадеме срцето Бориша“, му порачаа навивачите на кошаркарот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести