Словенија и Дончиќ подобри од Италија во битката за седмото место на СП

Кошаркарската репрезентација на Словенија ја совлада Италија 89:85 во мечот за седмото место на Светското првенство кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Словенија со тројката на Јакоб Цебашек на 40 секунди до крајот, и тоа по асистенцијата на Лука Дончиќ поведе со 86:85. Во последните секунди, Грегор Хорват и Зоран Драгиќ беа сигурни од линијата за слободни фрлања и ја заверија победата на Словенија.

Дончиќ со 29 постигнати поени, 10 скока и осум асистенции беше најдобар играч на натпреварот, а во словенечката репрезентација одлична партија прикажаа и Мајк Тоби со 12 и Зоран Драгиќ со 10 постигнати поени.

Во редовите на Италија, Марко Спису постигна 22, Симоне Фонтекио 16, а Акиле Полонара даде 13 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести