Летонецот Жагарс собори рекорд на Кукоч, Полонара се што шутна за тројка на СП – промаши

Кошаркарската репрезентација на Летонија со убедливата победа од 98:63 над Литванија го освои петтото место на Светското првенство кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини, а притоа Артурс Жагарс собори рекорд на Мундијалите.

Жагарс во триумфот над Литванија имаше огромен придонес, тој оствари дури 17 асистенции со што стана кошаркар кој имал највеќе додавања на еден натпревар во историјата на Светските првенства.

Претходниот рекорд го држеа Тони Кукоч и Карлик Џонс, кои имаа по 15 асистенции.
За разлика од Жагарс, катастрофален настап на СП барем во една категорија, имаше Италијанецот Акиле Полонара.

Денеска Италија загуби од Словенија со 89:85 во натпреварот за седмото место, а Полонара постигна 13 поени, но ги промаши сите четири шута за тројка.
Полонара на цело СП не постигна ниту една тројка, а имаше дури 22 обиди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести