Дали Јувентус оди на продажба?

Компанијата „Ексор“, која е сопственик на Јувентус, ја демантира веста на италијанскиот весник „Ил Џорнале“ дека ќе ја продале Старата дама.

Портпаролот на „Ексор’ написите на весникот ги окарактеризира како невистинити и непроверени.

„Ил Џорнале“ денеска објави дека, не наведувајќи ги изворите, сопствениците на Јувентус размислуваат да го продадат тимот.

Според весникот, компанијата „Ексор“, која е под контрола на семејството Ањели, смета дека раководењето со Јувентус не е финансиски одржливо поради скандалите во кои западна Старата дама.

Јувентус се договори со УЕФА да биде исфрлен од настапите во Лигата на конференции за претстојната сезона поради прекршување на правилата за финансиски ферплеј.

Освен тоа, заработи казна од 20 милиони евра, од кои 10 милиони се условни и нема да се активираат доколку клубот во следните три години работи според финансиските правила на УЕФА.

Минатата сезона Јувентус ја заврши на седмата позиција откако му беа одземени десет бода поради малверзации со трансферите.

- Оглас -

Најнови вести