За Кристијано Роналдо сѐ е дозволено: Дури и строгите правила во Иран ќе бидат прекршени за Португалецот

Следната недела започнува фудбалската Лига на шампиони на Азија, а во Иран веќе владее голема еуфорија за доаѓањето на Кристијано Роналдо во оваа земја. Во вторник, на 19 септември во Техеран ќе играат локалниот Персеполис и Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Земјата во која владеат строги правила и на населението им се ограничени слободите, ќе укине дел од нив само за големите фудбалски ѕвезди. Така Кристијано Роналдо и останатите фудбалери на Ал-Наср на самото пристигнување во земјата ќе добијат специјални СИМ картички со неограничен и нефилтриран пристап до интернет. Сето ова е поради кампањата фудбалерите да не патуваат во оваа земја бидејќи нема да имаат целосен пристап до интернет-мрежата бидејќи голем дел од светските сајтови и социјални мрежи не се достапни во Иран.

„Разговарав со извршниот директор на нашиот мобилен оператор и му кажав дека сакаме на фудбалерите и персоналот (н. з. на Ал-Наср) да им дадеме СИМ картички со неограничен интернет, кои би можеле да ги користат од самото пристигнување во Иран сѐ до моментот на заминување“, вели Реза Дарвиш, претседател на Персеполис.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести