Раководството на ПСЖ успеа да го убеди Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, но тој сè уште нема потпишано нов договор со Светците. Од поодамна е познато дека тој својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид, кој чека да му заврши договорот на 30 јуни следната година и да го ангажира бесплатно.
Ова многу ги налути сопствениците на ПСЖ и тие сега подготвуваат одмазда за Реал Мадрид. На списокот со желби се дури петмина фудбалери на Кралскиот клуб. Тоа се Винисиус, Родриго, Чуамени, Камавинга и Валверде. Тоа би било голем удар за Реал Мадрид и вистински тест за Флорентино Перес.
Винисиус и Родриго имаат клаузули од една милјарда евра и тешко дека ПСЖ ќе успее да ги ангажира, но останатите тројца се достапни. Во моментов е тешко Кралевите да се откажат од нивните услуги без разликата на висината на понудите, но ПСЖ ќе се обиде дури и на „сила“ да ги ангажира.