Женската фудбалска репрезентација на Шведска се подготвува за натпреварите против Шпанија дома и Италија на гости во рамките на новоформираната Лига на нации за девојки.
Од Фудбалскиот сојуз на оваа скандинавска земја објавија видео од еден од тренинзите во терен, на кое се гледа дека фудбалерките тренираат со музиката на Северина, односно со нејзиниот хит „Уно моменто“.
Задолжена за музиката на тренингот на шведската репрезентација била фудбалерката со потекло од Косово, Косоваре Аслани, која ја одбрала токму оваа песна.