Реал Мадрид дојде до тешка победа со гол во 94-тата минута против Унион Берлин и на посакуван начин ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Спасителот на Кралскиот клуб беше новото засилувања Џуд Белингам, кој најдобро се снајде во мешаницата по корнерот на домашните.
Кралевите беа подобри во текот на целиот натпревар, но тешко им одеше да го пронајдат патот до мрежата на мотивираниот противник, кој за првпат во својата историја играше меч од групната фаза на Лигата на шампионите.
На вториот натпревар од првиот дел на денешната програма, екипите на Галатасарај и Копенхаген ги поделија бодовите, односно освоија по еден откако мечот заврши 2-2.
Гостите од Данска имаа водство од 0-2 преку Елонуси во 35-тата и Гончалвес во 58-мата минута, но Галатасарај со пеколен финиш дојде до реми откако Копенхаген во 73-тата минута остана со човек помалку на теренот.
Головите за домашната екипа ги постигнаа Бо и Тетекс во 86-тата и 88-мата минута.