Поранешниот репрезентативец на Македонија, а сега тренер на второлигашот Оход од Саудиска Арабија, Зекирија Рамадан, загуби во првото коло од Кралскиот куп од ѕвездениот Ал-Наср со 1-5 на домашен терен.
Екипата на Ал-Наср иако без Кристијано Роналдо во составот, сепак со голем број ѕвезди немаше посериозни проблеми со Оход. Резултатот го отвори Садио Мане од пенал во 16-тата минута. Домашните сѐ што направија на овој меч беше израмнувањето на 1-1 преку Михалак во судиското продолжение на првото полувреме.
Во вториот дел следуваа четири погодоци на ѕвездите од Ал-Наср. Во листата со стрелци се запишаа Фофана, Талиска, Јахја и Ал-Немер.