Уште еден фудбалер од милијарда евра во Барселона!

Раководството на Барселона не остава ништо на случајноста и следната недела ќе потпише нов професионален договор со 16-годишниот Јамине Ламал. Договорот ќе биде со важност до 2026 година, а доколку некоја екипа сака да го откупи неговиот договор, ќе мора да им плати на Каталонците една милијарда евра.

Вакви откупни клаузули веќе имаат осуммина фудбалери на Барселона, и тоа: Фати, Торес, Рафиња, Кунде, Педри, Араухо, Гави и Дарвич.

- Оглас -

Најнови вести