Драма со среќен крај се одвиваше денеска во Франција откако фудбалерот на Ница, Алксис Бека Бека се закани дека ќе си го одземе животот со скокање од мост висок 100 метри.
Инцидентот се случи на автопатот А8, кога 22-годишениот Алексис застанал на работ од мостот со намера да се фрли и да изврши самоубиство. На местото на настанот веднаш се појавиле екипи на полицијата и пожарникарите и започнале преговори со фудбалерот да не се самоубие. Таму бил и клупскиот психолог на Ница.
Според првичните пишувања, причина за овој потег на Бека Бека е неодамнешниот раскин со неговата девојка. Токму тој прекин на љубовната врска имал големо влијание врз фудбалерот кој дошол до ситуација да се самоубие.
За среќа, по подолго време на преговори, Алексис Бека Бека бил убеден да не се самоубие и бил спасен. Овој млад фудбалер игра на позиција дефанзивен играч за врска, а во Ница дојде во 2022 година од тимот на Локомотив Москва за трансфер вреден 12 милиони евра.
https://twitter.com/i/status/1707715275913597051