МЗТ без проблем во Гевгелија, во нашата прва лига игра еден опасен Брајант

Првакот МЗТ Скопје Аеродром извојува победа на гостувањето кај Кожув од 86-64 и на рутински начин ја почна одбраната на титулата во домашното првенство.

Металците ја оправдаа фаворитската улога, првата четвртина ја добија со 26-14 и покажаа од старт дека се решени да не му дадат шанса на противникот. Пет играчи на МЗТ имаа двоцифрен број поени.

Многу поинтересно беше во Скопје, каде Вардар го победи Охрид со 90-83 во дуел на два тима кои се повратници во прволигашкото друштво. Младите вардарци направија пресврт во последната четвртина откако цело време бркаа негатива. На охриѓани не им помогна ниту ефикасната игра на Бернард Брајант кој уфрли 38 поени.

- Оглас -

Најнови вести