Алонсо: Рано е да зборуваме за Реал

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изјави дека е фокусиран на работата во германскиот тим и сè уште не размислува за шпанскиот гигант, Реал Мадрид.

Името на Алонсо веќе извесно време се поврзува со клупата на Реал бидејќи актуелниот тренер Карло Анчелоти на крајот од сезоната ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и ќе ја презеде репрезентацијата на Бразил, а претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, уште сега ја започна потрагата по неговиот наследник.

На списокот на Перес засега се наоѓаат две имиња, тоа на Чаби Алонсо и на актуелниот менаџер на Брајтон, Роберто де Зерби, но Шпанецот кој со голем успех ги предводи Фармацевтите, смета сега не е време за такви муабети бидејќи е почеток на сезоната.

„Прерано е да се зборува за тоа, сега е септември, така што ова не е тема за која треба да зборуваме“, изјави Алонсо по победата на неговиот тим над Мајнц од 3:0.

Алонсо ги импресионира сите со својата работа во Баер, го презеде тимот во октомври минатата година кога беше на дното на табелата во Бундеслигата, но на крајот заврши како шести и стигна до полуфиналето во Лигата на Европа. Сезонава, Баер има скор од пет победи и едно реми против Баерн во првите шест кола во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести