Кошаркарската репрезентација на САД по неспехот на Светското првенство, на Летните олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат идната година, ќе учествува со најголемите НБА-ѕвезди.
Американците на СП, кое се одржа минатиот месец го освоија четвртото место и не сакаат да им се повтори неуспех на ОИ во Париз, па поради тоа на помош ги повикаа најголемите НБА-ѕвезди. По Леброн Џејмс, кој од претходно го потврди учеството на ОИ во Париз, вчера својот настап по потврди и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурант.
Дурант беше дел од репрезентацијата на САД на претходните три ОИ во 2012, 2016 и 2021 година, кога дрим-тимот го освојуваше златниот медал.
По Леброн и Дурант, настапот на Игрите во Париз се очекува да го потврдат и другите големи НБА-ѕвезди, со што САД буквално ќе игра со дрим-тим и ќе биде главен фаворит за златото.