Екипата на Феникс го доживеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир за ФИБА Европа купот, со што неуспешно заврши нивниот дебитантски настап во кошаркарска Европа.
Подобар противник од скопскиот прволигаш вечерва беше составот на Рошток Сивулвс, кој славеше со убедливи 101-72. Феникс во ниту еден момент од мечот немаше шанси да му се спротивстави на претставникот на Германија и сосема заслужено го загуби и овој меч.
Џозеф Рајс со 19 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот претставник, додека во победничкиот состав Тајлер Нелсон уфрли 20 поени.