Тенко со демократија во УЕФА и ФИФА – Чеферин реизбран со акламација, тоа ќе се случи и со Инфантино.

Александер Чеферин останува прв човек на УЕФА со нов мандат до 2023 година, што го доби денеска со акламација од делегатите на Конгресот во Рим.

Малку е чудно што УЕФА, која прокламира демократски избори по националните федерации, и тоа по можност со поширок спектар на кандидати, му даде нов четиригодишен мандат на Словенецот без притоа да има ниту еден противкандидат.

Тоа ќе се случи и со челната позиција на ФИФА. И таму нема трка со повеќе кандидати, а Џани Инфантино чека само формално да биде реизбран за прв човек на Светската куќа на фудбалот откако Рамон Вега, кој беше единствен потенцијален конкурент за челната позиција, се повлече.

 

- Оглас -

Најнови вести