Женската ракометна репрезентација на Македонија денес го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
На отворањето на квалификациите, избраничките на селекторот Кристијан Грчевски имаат противник по мерка, најголемиот аутсајдер во нашата група, Азербејџан. Ако се погледнат квотите во Sport Life, јасно е каква е фаворитската улога на Македонија. Основниот хендикеп со квота од 1.90 за победа на Македонија е 16.5 голови, што значи дека нашата репрезентација треба да победи со 17 гола разлика.
Денес и утре ширум Европа ќе се одиграат голем број на натпревари од квалификациите за женското Европско првенство, а сите може да ги најдете во понудата на Sport Life.