Мароканците демантираат дека се обиделе да и го украдат на Шпанија суперталентот од Барселона

Фудбалската федерација на Мароко (РМФФ) демантира дека му понудиле пари на суперталентот на Барселона, Ламин Јамал, за да ја откачи Шпанија и да го облече дресот на оваа африканска репрезентација.

Според шпанските медиуми, РМФФ му понудила поголема сума на пари, и притоа вршела притисок младиот фудбалер да ја прифати понудата.
Поради овие написи, Федерацијата се огласи и демантира дека се обидела да го украде Јамал од Шпанија.

„Тие написи се лажни и нема никаков доказ. РМФФ ја респектира одлуката на Ламин Јамал како и на останатите фудбалери кои имаат потекло од Мароко, но избраа да играат за други репрезентации“, стои во соопштението.

Младиот 16-годишен фудбалер на Барселона, веќе го направи својот избор, одлучи да настапува за репрезентацијата на Шпанија и во септември дебитираше за првиот тим на Фуријата

- Оглас -

Најнови вести