Англија обезбеди место на ЕП, Србија го доби дербито со Црна Гора и е на чекор од остварување на сонот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Србија веќе 23 години чека да се израдува на пласман на Европско првенство, а сега е на чекор од реализација на оваа желба. Во дербито против соседот Црна Гора, фдубалерите на Србија во Белград победија со 3:1.

Александар Митровиќ даде два гола, а еднаш погоди Душан Тадиќ за голема радост на навивачите на „Рајко Митиќ“. Единствениот гол за Црна Гора го даде Стеван Јоветиќ. По првото полувреме беше 1:1, кога беа постигнати два еврогола, а во вторите 45 минути Србија го скрши отпорот на гостинот.

Србија сега има 13 бода од седум меча и е на посакуваното второ место, додека Црна Гора останува трета, но сега само со осум бода од шест средби. Во последното коло Србија дома игра против Бугарија и доволно е да не загуби за да биде дел од Европското првенство во Германија.

Место на континенталниот собир обезбеди Англија откако со 3:1 славеше над Италија. Аѕурите први дадоа гол на „Вембли“, и тоа преку Скамака во 15-тата минута, а во 32-рата минута Хари Кејн од пенал израмни на 1:1.

Во вториот следуваа голови на Маркус Рашфорд и Кејн за  три бода на Гордиот Албион, кој е сигурен лидер со 16 бода, пред Украина со 13 и Италија со 10 бода. Украина вечерва со 3:1 победи на гости кај Малта, па во последното коло Украина и Италија во меѓусебен дуел ќе решаваат за вториот патник на ЕП од оваа група.

Во останатите денешни меча: Финска – Казахстан 1:2, Литванија – Унгарија 2:2, Сан Марино – Данска 1:2, Северна Ирска – Словенија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести