Градски дербија и квалификации за ЛШ прават одлична квота

3191 Зрињски – Вележ (16.30 часот)

Зрињски, кој игра и во Конференциската лига, е фаворит на хартија во ова мостарско градско дерби од првенството на Босна и Херцеговина. И Вележ е во добра форма, има четири победи на последните пет меча, но Зрињски е во налет, има четири победи по ред и со победа би избил на второ место на табелата. Последните четири меѓусебни дуели завршуваа со победа на Зрињски, Вележ последен пат се радуваше во 2020. Ова се два тима кои ретко играат нерешено.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.08)

 

6752 Волфсбург (ж.)  – Париз ФЦ (ж.) (18.45 часот)

Германките се фаворитки во овој дуел од баражот за влез во групите од женската Лига на шампиони. Првиот меч во Париз заврши 3-3, па сега Волфсбург има прилика со победа дома да влезе во елитното друштво, што не би било изненадување ако се знае дека во минатата сезона играа и финале во ЛШ против Барселона. Двата тима добро газат во домашното првенство, но овој меч е многу значаен бидејќи носи многу.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.78)

 

6803 ПСЖ (ж.) – Манчестер ј. (ж) (20.00 часот)

Првиот меч на овие гиганти од машкиот фудбал заврши 1-1 и тоа треба да значи дека парижанките се поблиску до пласман во групната фаза на ЛШ. Овој меч вечерва во Париз ќе го суди Македонката Ива Пројковска. Манчестер на последните пет меча во сите натпреварувања и даваше и примаше гол. Статистиката вели дека не треба да се очекуваат премногу голови.

Предлог тип: & 1-3 (1.91)

 

1564 Конах – Бала таун (20.45 часот)

Ова е дуел од велшкото првенство во кој Конах Квеј номадс би требало да ги освои трите бода. Конах е втор на табелата со четири бода помалку од лидерот ТНС, а Бала таун е шести и има само една победа во последните пет кола. Бала таун по 11 кола има гол-разлика 8-8, а средбите на Конах се многу поефикасни, овој тим дал 31, а примил 14 гола. Последниот меѓусебен дуел го имаа во август, победи Бала таун со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.21)

 

4781 Насионал – Гуарани (23.00 часот)

Ова е дуел од парагвајската лига помеѓу два тима од главниот град Асунсион. Насионал е петти на табелата, но има три победи во последните четири кола. Гуарани е трет на табелата, исто така е во форма, дури и уште подобра, освои 10 бода во последните четири рунди. Тоа се тимови кои даваат премногу голови, па не би требало да има голеада, но тешко и дека мечот ќе заврши 0-0. Последните шест меѓусебни дуели кога Насионал бил домаќин им биле со 0-2 гола.

Предлог тип: НГ & 0-2 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести