Точно пред 10 години беше постигнат фантомскиот гол поради кој подоцна беше воведен ВАР ситемот

Помина точно една деценија откако е постигнат погодокот кој е означен како една од главните причини за воведување на ВАР-технологијата. Стрелец на фантомскиот погодок е некогашниот германски репрезентативец Штефан Кислинг, кој погоди за 2:0 за Баер Леверкузен во дуелот против Хофенхајм.

Се играше 70-тата минута кога Гонзало Кастро изведе корнер, кога Кислинг скокна и шутираше покрај голот. Мрежата се затресе, но од надворешна страна, а потоа заврши во мрежата. Еден од најдобрите судии во тој момент, Феликс Брикс, го призна голот затоа што ја виде топката во мрежата.

Сепак, топката во мрежата влезе од надворешната страна, а никој на теренот тоа не го забележа и погодокот беше признат. Погледнете го ФАНТОМСКИОТ ГОЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести