Официјално: Натпреварот Белгија – Шведска нема да се доигра

Европската фудбалска унија, УЕФА, денес и официјално донесе одлука за прекинатиот натпревар помеѓу Белгија и Шведска. Дуелот кој во понеделникот се играше во Брисел беше прекинат на полувремето во договор на двете екипи, а при резултат 1-1. Причина за прекинот беше терористичкиот напад кој се случи во близина на стадионот, во кој загинаа двајца шведска навивачи, а трет е тешко повреден.

Одлуката на УЕФА е да го регистрира натпреварот со постигнатиот резултат во моментот на прекинот, 1-1, и двете репрезентации да добијат по еден бод. Ваквиот исход нема никакво влијание на табелата, со оглед на тоа дека Белгија и Австрија на две кола пред крајот обезбедија пласман на Европското првенство, а Шведска е третопласирана.

Согласно одлуката на УЕФА, жолтите картони добиени на натпреварот ќе се важат, а играчите кои биле суспендирани ќе се смета дека на овој натпревар ја одлежале суспензијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести