Гвардиола веќе го знае својот наследник на клупата на Манчестер сити

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, смета дека по неговото заминување од „Етихад“, следен менаџер на Граѓаните треба да биде неговиот иден противник, Роберто де Зерби.

Сити кој во последно време не игра според очекувањата, доживеа пораз на три од последните четири натпревари, утре го очекува пресметка со најпријатното изненадување во Премиер лигата, Брајтон на чија клупа седи Роберто де Зерби.

За тоа колку Гвардиола го цени Италијанецот најдобар доказ се неговите зборови по нивниот меч од минатата сезона кој заврши без победник 1:1.

„Тој е следниот тренер на Манчестер сити“, им рекол Гвардиола на неколку фудбалери на Брајтон по мечот.

Брајтон игра одлично сезонава иако доживеа дебакл од Астон вила (1:6), ги победи Манчестер сити и Њукасл, а ремизира со Ливерпул и се наоѓа на шестото место на табелата со 16 освоени бодови, четири помалку од лидерите Тотенхем и Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести