Во Реал Мадрид лути на судиите: “Не ни дадоа да играме“ (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем кикс и не успеаја да ја победат Севиља, која е далеку од онаа квалитетна екипа која ја имаа во претходните сезони, пред се поради тешката финансиска состојба во која западна клубот.

Шпанскиот весник Марка објавува изјава од неименуван извор од клубот во која се вели “вакво нешто никогаш претходно немаме видено“, а се однесува за судењето на мечот во Андалузија. Во продолжение весникот вели дека на Реал Мадрид не му било дозволено да игра фудбал против Севиља, а најголемите обвинувања кон судиите се за наводно недосуден пенал над Винисиус уште во првото полувреме после стартот од Навас.

https://twitter.com/LaLigaExtra/status/1715784192057917598?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1715784192057917598%7Ctwgr%5E168cf29ed90c36cecace39b715f778732c50f7f6%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Freal-nakon-utakmice-sa-sevillom-ovakvo-nesto-jos-nikad-nismo-vidjeli%2F2506066.aspx

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести