Ракометарите на Еурофарм Пелистер играат фантастично прво полувреме во најголемото македонско дерби против Вардар и по 30 минути игра имаат предност од дури осум гола 18:11.
Вардарци кои два дена пред мечот побараа одложување на дербито бидејќи 15 играчи и членови на стручниот штаб имаа вироза, и поради што пензионираниот Стојанче Стоилов мораше повторно да го облече дресот, очајно го започнаа мечот и му дозволија на шампионот во воведните минути да поведе со 7:1 притоа дури шест минути не успеаја да постигнат гол.
Потоа ја стабилизираа играта, намалија на минус четири (11:7), но не успеаја да реализираат два напади по ред, по што битолчани со серија од 4:0 поведоа со 15:7 и ја анулираа негативата од дуелот кој се играше во Скопје (30:25).