Барселона има нов бисер, Гују во првиот меч за каталонскиот тим постигна гол за победа (Видео)

Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетик Билбао во десеттото коло од Ла Лига со минимални 1:0 и тоа благодарение на новиот бисер од академијата Ла Масија, Марк Гуи.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, во 79-та минута одлучи да го внесе во игра 17-годишниот Гуиу кој пак следната минута по асистенција на Жоао Феликс, го постигна голот за победа на Барселона.

Со триумфот во дерби пресмерката и освоените три бода, Барселона сега е трета на табелата со 24 бода, еден помалку од лидерите Реал Мадрид и Жирона.

- Оглас -

Најнови вести