Леброн ќе заработи богатство во новата сезона

Ѕвездата на ЛА Лејкерс и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, во новата сезона ќе заработи дури 128 милиони долари.

Леброн кој ќе ја игра 21-та сезона во НБА, од ЛА Лејкерс ќе инкасира 47,6 милиони долари, додека од спонзорите ќе заработи дополнителни 80 милиони долари.

Веднаш зад Леброн и кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, кој ќе инкасира 101,9 милиони долари. Неговата плата од 51 милион долари ќе биде најголема во новата сезона во НБА која започнува за три дена.

На третото место на најплатени НБА-кошаркари се наоѓа Јанис Адетокумбо со 90,6 милиони, а потоа следат Кевин Дурант со 88,4 милиони и Клеј Томпсон со 64,2 милиони долари.

На листата на десетте кошаркари кои ќе заработуват највеќе се наоѓаат уште и Дамиен Лилард (62,6 милиони), Џоел Ембид (56,6 милиони), Џејмс Харден (55,6 милиони), Никола Јокиќ (54,6 милиони) и Пол Џорџ (54,1 милион).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести