Пуштени во продажба билетите за Италија – Македонија, Фалангата ќе биде на трибината на Лацијалите!

Пуштени се во продажба билетите за навивачите на македонската фудбалска репрезентација за квалификацискиот натпревар со Италија кој ќе се одигра на 17 ноември на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Билетите за секторот од стадионот наменет за навивачи на македонската репрезентација чинат 23,50 евра за возрасни лица и 12 евра за лица под 18 години. Инаку, нашите фанови ќе бидат во сектори во аголот на северната трибина, каде што обично се наоѓаат поддржувачите на Лацио кога овој тим игра дома.

Билетите можат да се купуваат до 10 ноември на линкот во продолжение:

https://figc.vivaticket.it/en/event/qualificazioni-euro-2024-roma-italia-macedonia-del-nord-guests/221609

ФФМ објави и важни информации за поддржувачите на македонската репрезентација кои ќе го следат во живо натпреварот на стадионот „Олимпико“.

Пристапот до стадионот е дозволен само со приложување билет + лична карта/пасош. Билетите се персонализирани, затоа податоците на билетите мора да одговараат со податоците од личната карта или пасошот. Доколку тоа не се случи, пристапот до стадионот ќе биде забранет. За таа цел ги замолуваме сите поддржувачи/навивачи да понесат со себе валидна лична карта или пасош.

Постапката за влегување на стадионот е поделена во три чекори:

1. Проверка на билет + лична карта/пасош

2. Претрес на тело и торба (извршено од стјуарди/полиција)

3. Скенирање на билетот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести