Фудбалерите на Челси продолжуваат со променливите игри сезонава и ги разочараа навивачите на „Стемфорд бриџ“ губејќи од Брентфорд со 0:2 во мечот од десеттото коло во Премиер лигата.
Ова е трета победа по ред за Брентфорд на „Стемфорд бриџ“ во дуелите со Челси, во 2022 година беше 1:4, а во април годинава 0:2.
Водство за Брентфорд донесе Пинок во 58-та минута по асистенцијата на Мбеума. Конечниот резултат го постави Мбеума во петтата минута од судиското продолжение.
Со триумфот и трите бода, Брентфорд го прескокна Челси на табелата, сега има 13 бода, еден повеќе од Сините.