На повидок е третиот најголем трансфер во историјата, ѕвездата на Милан е пред преселба во Саудиска Арабија?!

Португалскиот репрезентативец и член на Милан, Рафаел Леао, во летниот преоден рок би можел да го направи третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот.

Новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал-Хилал, сака да го ангажира Леао по секоја цена и за него е подготвен на Росонерите да им искешира 175 милиони евра.

Според португалските медиуми, шансите да се реализира трансферот со големи бидејќи таткото на фудбалерот кој се грижи за неговата кариера, заминал за Саудиска Арабија на преговори со челниците на Ал-Хилал.

Сериозен интерес за Леао пројавуваат и ПСЖ и Челси, а саудискиот тим не сака да остави ништо на случајот, нема намера да преговара со Милан, туку ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 175 милиони евра и ќе го заврши трансферот.

Ако се реализира трансферот, тој ќе биде третиот најголем во историјата по тие на Нејмар кој за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ и на Килијан Мбапе за кого ПСЖ на Монако му плати 180 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести