Тен Хаг до навивачите на Јунајтед: „Бидете реални“

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, во едно подолго интервју зборуваше за престојот на „Олд трафорд“, за (не)успесите и резултатите. Според него, тој врши одлична работа на клупата на Јунајтед, иако многумина не се задоволни од тоа. Вели, едноставно Манчестер јунајтед во моментов не е подготвен да биде шампион на Англија.

„Манчестер јунајтед последната титула ја освои во 2013-тата година. Тоа беше пред 11 години и од нас се уште се очекува да победуваме на секој натпревар и да бидеме на врвот од табелата. Овој клуб не е подготвен за тоа. Требаше да започнеме да градиме нешто, првите чекори ги направивме минатата година. Меѓутоа, многу брзо ја сфаќате големината на овој клуб и дека никој никогаш не е задоволен. Во клубот се задоволни од мојата работа, но другите велат освои само Лига куп, изгуби во финале на ФА купот и заврши трет на табелата. Кога ќе го слушнеш сето ова, ти станува јасно дека луѓето немаат чувство за реалноста. Другите екипи имаат многу подобри екипи од нас.“ – вели Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести