Ал Наср славеше на гостувањето кај Ал Фајха со 3-1, а ниту еден од трите гола за победниците не го даде Кристијано Роналдо.
Португалската суперѕвезда придонесе со асистенција за првиот гол со кој се отвори резултатот, па може донекаде да биде задоволен дека му помогнал на тимот да победи и без да даде гол.
На претходните четири настапи, по два за клубот и репрезентацијата, Роналдо даде вкупно седум голови, а денеска за првпат по 6-ти октомври не успеа да постигне гол на еден меч.
После денешната победа, Ал Наср е втор со четири бода помалку од Ал Хилал.