Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Приштина игра против селекцијата на Косово во рамките на третото коло во Лигата на нации.
Во првите две кола во рамките на групата 5 од дивизијата Ц, избраничките на селекторот Кирил Изов доживеаја два пораза. На стартот Македонија загуби од Бугарија со 0:1, а пред четири дена и од Косово со 0:2.
Според квотите, фаворит е селекцијата на Косово со 1.28, додека за триумф на Македонија коефициентот е 9.00.