Неверојатен меч: Сан Антонио водеше само 1,2 секунди во текот на мечот и победи! (Видео)

Три меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а посебно за памтење е тоа што се случи во Феникс. Домашниот тим на Сонцата беше апсолутен фаворит за победа над Сан Антонио, а средбата така и започна. Феникс стартуваше со серија од 8:0, а потоа стигна и првата двоцифрена предност (22:12). Во текот на целата втора четвртина предноста беше двоцифрена, а домаќините најмногу водеа со 19 разлика (62:43).

Ништо поразлично не беше и во третата четвртина, кога Феникс на четирипати ја имаше највисоката предност од 20 разлика, последен пат тоа беше при водство од 76:56. Во последните 12 минути, Феникс влезе со предност од 13 разлика (95:82), но потоа се случи чудо.

Сан Антонио почна постепено да ја намалува негативата, па стигна до минус пет поени (98:93). Сепак, потоа Феникс повторно дојде до плус 10 (107:97), па потоа следуваше серија од 7:0 за гостите (107:104). Феникс водеше и со 114:109, а во финишот се комплетира чудото затоа што Сан Антонио намали на 114:113 на 6,8 секунди до крајот. Феникс изведе од под својот кош, но Келдон Џонсон успеа да му ја украде топката на Кевин Дурант и да погоди на 1,2 секунди до крајот за прво водство на Сан Антонио, а тоа беше и доволно за победа на крајот.

https://twitter.com/i/status/1719581235612426601

Во останатите два меча кои се играа ноќеска, Лос Анџелес клиперс на свој терен го победи Орландо со 118:102, додека Њујорк како гостин славеше против Кливленд со 109:91.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести