Лукаку не е трагичар туку херој, Рома со два гола во судиското продолжение дојде до победа (Видео)

Фудбалерите на Рома со два гола во судиското продолжение славеа со 2:1 над Лече во рамки на 11-то коло од Серија А.

Римската волчица во 90-та минута влезе со негатива од еден гол, но успеа да постигне два гола и да дојде до трите бода.

Прво во 92-та минута, Сардар Азмун го израмни резултатот, а две минути подоцна Ромелу Лукаку го постигна голот вреден три бода и се извади за нереализираниот пенал во првото полувреме.

Лукаку во петтата минута не го реализира ударот од белата точка, што е негов прв нереализиран пенал во Серија А (во Интер реализира сите пенали).

Лече поведе со голот на Понтус Алмквист во 72-та минута.
Рома по победата скокна на осмата позиција на табелата со 17 бода, додека Лече е 11-ти со 13 освоени бодови.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести