На Тотенхем му требаа само пет минути да поведе со 1-0 во интересното лондонското дерби против Челзи. Стрелец беше Дејан Кулушевски, кој среќно дојде до погодок бидејќи по неговиот шут, топката се одби од противнички играч и го смени правецот, завршувајќи во мрежа.
Но, тоа беше само вовед во драмата.
Ова е прво гостување на менаџерот Маурисио Покетино против клубот со којшто во 2019 година играше финале во Лигата на шампионите. Тотенхем за првпат по пет години се обидува да врзе пет победи по ред, низа каква последен пат имаше под водство на Покетино.
Инаку, за половина час освен голот на Кулушевски, кој беше признат, беа поништени дури три погодоци по интервенција од ВАР, а имаше по еден недосуден и еден доделен пенал за гостите, плус црвен картон за дефанзивецот Ромеро. Најпрвин Тотенхем даде гол за 2-0, а потоа Челзи двапати ја тресеше мрежата на Петлите, но ВАР ги поништи. Сепак, беше донесена и одлука во полза на Сините.
Палмер го изедначи резултатот од пенал, а сега Челзи има и човек повеќе на теренот.