Горка победа за ПСЖ, Кавани се повреди три дена пред гостувањето во Манчестер

ПСЖ се врати на победнички патеки по поразот од Лион во претходното коло од францускиот шампионат, но Томас Тухел не се радува на освоите нови три бода. Во минималниот триумф над Бордо со 1-0, се повреди стрелецот на единствениот гол, Единсон Кавани.

Уругваецот не се врати на теренот во второто полувреме откако се пожали на болки во бутниот мускул, а повредата не можеше да се случи во полошо време. „Светците“ за три дена гостуваат кај Манчестер јунајтед во рамките на првиот осминафинален дуел во Лигата на шампиони, на тој меч ПСЖ ќе игра без Нејмар, а сега можеби и без Кавани.

Допрва ќе следат медицински прегледи за да се утврди сериозноста на повредата, па и да не биде сериозна Кавани ќе има само три дена да се врати во полн погон.

Дуелот Манчестер јунајтед – ПСЖ на „Олд трафорд“ е закажан за вторник во 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести