Селекцијата на Хрватска на најдобар начин го искористи киксот на Велс кој ремизираше (1:1) против Ерменија, и сега е во пол-позиција за освојување на второто место во групата Д кое носи пласман на Европското првенство кое идната година ќе се игра во Германија.
Хрватска со 2:0 славеше на гостувањето во Рига против Естонија и во пресрет на последното квалификациско коло, го прескокна Велс на табелата. Коцкестите по седум меча имаат 13 бода, додека Велс има 11. Хрватска во последното коло пред своите гледачи ќе игра против Ерменија, додека Велс го очекува дуел со веќе пласираната на ЕП, селекција на Турција.
Хрватска дилемите околу победникот ги реши во првите 15 минути кога ги постигна двата гола. Прво Ловро Мајер во седмата минута го отвори резултатот, за во 15-та минута, Андреј Крамариќ да постигне уште еден гол.
Белорусија која своите мечеви како домаќин во квалификациите за ЕП 2024 ги игра во Унгарија, со минимални 1:0 ја совлада Андора.