Чешки предизвик за ракометарките на Ѓорче Петров во осминафиналето на Европскиот куп

Ракометарките на Ѓорче Петров денеска го дознаа противникот во осминафиналето од третото по квалитет европско клупско натпреварување, Европскиот куп, а тоа е чешката екипа на Хазена Кинзварт.

Првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот куп ќе се игра на 13 или 14 јануари 2024 година во Скопје, додека реваншот е една недела подоцна во Чешка.

Ракометарките на македонскиот шампион досега во Европскиот куп ги елиминираа екипите на Тиват и Ојпен, додека Хазена беше подобра од Винтертур и Вестфриесланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести